Спортски риболовци и рибарски клубови од неколку македонски градови беа дел од Купот во спортски риболов „Охрид 2023“ кој се одржа вчера на Охридското Езеро. Натпреварувањето го организираше спортскиот клуб „Свети Апостол Петар“ со поддршка на Општина Охрид.

На завршната свеченост од манифестацијата, заменик градоначалникот, Перчо Божиновски ги додели наградите на риболовците кои остварија најдобри резултати во екипно и поединечно натпреварување.

Натпреварот се организираше на патеката помеѓу хотел „Метропол“ и населбата „Лагадин“, согласно Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов и Правилата за натпревари во дисциплина „пливка“.

OhridNews