Во катедралната црква Св. Софија, вчеравечер, се одржа традиционалниот, годишен концерт на Основното музичко училиште “ Методи Патчев”. Учениците уште еднаш го покажаа својот голем талент и со својата изведба ја воодушевија бројната публика. Беа изведени 30 музички точки, а концертот заврши со настапот на училишниот хор и оркестар. Шуберт, Шуман, Брамс и Бетовен- се само дел од познатите композитори чии дела беа изведени од страна на младите виртуози на виолина, флејта, гитара, пијано, хармоника и кларинет.


На најуспешните ученици кои во текот на учебната година освоиле награди на државен или меѓународен натпревар, им беа доделени признанија.

Т,К,