Нова лавина земја денеска се урна врз патниот правец Маврово-Дебар, кој повторно е затворен за сообраќај.Oгромната лавина од големи камења и снег, која се случи околу 14 часот, за среќа не повреди никого.


Нема повредени“, рече градоначалникот на општина Маврово Мекрем Мехмеди, повикувајќи се на полициски извори.

Поради новото лизгање на земјиштето сообраќајот за сите видови на возила е повторно затворен, а екипите на Македонија Пат интензивно работат на расчистување на патниот правец. Патниот правец Маврово Дебар пред два дена делумно беше оспособен за сообраќај по големиот одрон на земја што се случи минатата недела.

Ohridnews
извор: „Макфакс“