Со новите измени на Законот за енергетика се предлага енергетска контрола и издавање на енергетски пасош да важи само за нови објекти од сите категории, а за постојните објекти да важи од влезот на Македонија во Европската Унија и тоа при продажба и давање под закуп.
Според написите во националните медиуми Владата ова го договорила на почетокот на месецов кога одлучила и да ја продолжи важноста на сертификатот за енергетска контрола за државните и за сите правни субјекти. Наместо на три години тие ќе се обновуваат на 10 години.
Овие измени на Законот за енергетика, Собранието треба да ги донесе по скратена постапка.
Инаку од почетокот на Новата 2015 година, согласно со претходните измени на Законот за енергетика, стартуваше обврската за поседување енергетски пасош, односно серитификат за енергетски карактеристики на зграда со кој се покажува дека градбата ги исполнува условите за енергетска ефикасност. Законот за градење, од 1 јануари 2015 година предвидуваше казни од 1.000 до 3.000 евра на физички и на правни лица кои нема да обезбедат сертификат за енергетски карактеристики на зградата.
OhridNews
– See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/5978#sthash.SEdrfxCR.dpuf