Од локалната самоуправа информираат дека поради трагичниот настан што вчера се случи, сообраќајната незгода во која животот го загуби едно лице, најавеното свечено пуштање во употреба на новиот плоштадот кај Мини Маркет се одложува. Настанот ќе се одржи во понеделник, 7- ми септември, со почеток во 20 часот.

Градоначалникот Никола Бакрачески во свое лично име и во име на Локалната самоуправа,  изразува длабоко  сочувство до семејството на трагично загинатиот млад човек .

OhridNews