Заради неопходна дополнителна техничка документација се одлага примопредавањето на вакцините од Србија, соопштија доцна вечерва од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Примопредавањето на вакцините ќе биде реализирано во наредните денови.
Првично беше договорено примопредавањето на донацијата на вакцини од Србија да се изврши во текот на денешниот ден, од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев, на граничниот премин Табановце.
OhridNews