Четворица маскирани мажи провалиле во ресторанот на Лес Марфи во Австралија. Биле вооружени со шипки и чекани и кршеле се пред себе. Започнале да викаат дека ќе го убијат, а еден од нив замавнал со чеканот по сопственикот. Се повлекол во кујната, а напаѓачот со чеканот го прател.


Размислувал што ќе прави во кујната. Ги здогледал чиниите, зел шест и започнал да фрла по провалниците. Со едната погодил еден од нив, а едно парче порцелан кое се скршило летнало во главата на друг провалник. Започнале да бегаат, а Лес истрчал по нив и ја запишал нивната регистарска табличка. Полицијата сеуште ги бара провалниците.