Џејмс Грант, кого за време на подводен риболов го нападнала и каснала ајкула, посегнал по ножодт и успеал да се одбрани. Како веќе тоа самото по себе и да не било доволно спектакуларно, на копно самиот си ја сошил раната, а потоа свратил во најблискиот паб на пиво, да се опушти од преживеаниот стрес.

Нападот се случил на новозеландскиот Јужен остров. Не губејќи го разумот, овој млад лекар стажант го извлекол ножот и на морксиот грабливец му задал неколку жестоки удари. Раскажал дека некако се одбранил и ја забодел неколку пати. после тоа морал да направи и неколку копци на раката. Инаку, додека се борел во водата, пријателите не му притекнале на помош бидејќи мислеле како станува збор за шега. Но кога испливал, на негово барање отишле во пабор каде Грант нарачал пиво да се опушти и завој за да ја завитка раната.