Во рамки на програмата на „Научно и уметничката визита 2015“ денеска претпладне во Куќата на Уранија во Охрид ќе се одржи предавање за великанот на Македонската уметничка проза Живко Чинго. На предавањетe кое се организира по повод 80 годишнината од неговото раѓање ќе говори академик Милан Ѓурчинов.
Според најавите, на 25-ти јули во сабота со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на делото „Иконите на Дичо Зограф од црквите во Дебар и Мала Река“ на д-р Сашо Цветковски. На 26-ти јули во недела ќе има промоција на книгата „Македонската Глаголица” од академик Ѓеорѓи Поп-Атанасов.
OhridNews