Премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељановски испратија честитки до Влашката заедница по повод Националниот ден на Власите. “Овој датум уште од далечната 1905 година од кога на Власите им биле доделени национални права во Отоманското Царство, е симбол на влашката етничка заедница и секогаш претставувал убава можност да ги одбележиме спецификите и вредности на вашата заедница во Република Македонија. Како најсилен бележник на легитимно изборените права и потврда на влашкиот идентитет, културата, традицијата и историја, овој ден претставува богатство за мултиетничкиот и мултикултурен карактер по кој е препознатлива Република Македонија“, се вели во честитката од премиерот.
Преседателот на Собранието во своето обраќање пишува “ Иднината на нашите сограѓани Власи ја гледам од една страна во натамошно јакнење и развивање на својот национален и културен идентитет, а во истовреме ја гледам и како што ја гледам иднината на сите нас и на Република Македонија, а тоа е во заедничкото остварување на нашата стратешка определба за полноправно членство во ЕУ и НАТО“.
Честитки во влашката заедница испратија и политичките партии.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-...
Од денес влегувaат во сила Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови количества на одделни стоки на потрошувачите...
Опожарен оџачки канал денес напладне на зграда на булевар „Туристичка“ По добиената пријава на терен интевренираше екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид Опожарен е оџачки канал во зг...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.