Идејата за наутичка продавница е стара повеќе од 15 години, но до сега не дошол вистинскиот момент да ја отвориме, – рече Стефан Ставрев на отворањето на продавницата за наутичка опрема „Аква Тера Спорт“, која се наоѓа наспроти Халк банка на булеварот Туристичка.

Потребата и популаризацијата на водените спортови во Охрид не натераа на некој начин да размислуваме на ваков чекор. За кратко време со бизнис партнерката Александра Заричин успеавме да ја подготвиме продавницата, со цел со работа да почнеме на стартот на сезоната, кога езерото е честа дестинација на љубителите на вода и водените спортови. Морам да напоменам дека на Охрид како иград и Охридското Езеро не му фали само наутичка продавница, туку наутичка инфраструктура и култура. – изјави Ставрев.

Покрај реквизитите од наутиката и за спортовите на вода, во продавницата можат да се најдат реквизити за едрење, нуркање, планинарање, велосипедизам и трчање.

„Аква Тера Спорт“ работи од понеделник до сабота, од 9 до 21 часот, а наскоро продавницата ќе добие интернет сајт на кој љубителите ќе можат онлајн да разгледаат и да купуваат наутичка опрема.

OhridNews