Почина Павел Каралиев – Патка, познат градски лик, урбана легенда која остави голема трага во живеето во Охрид каде повеќе од три дeцении успешно водеше и беше сопственик на познати кафулиња и ноќни клубови во градот како „Леа“, „Леб и сол“, „Duck“. Секој во свое време исполнет до последното место. Препознатливи по добрата забава, живите свирки, „неизбежно свратилиште“ во вечерните часови за помладите, но и постарите генерации од цела Македонија и пошироко.

Од Павел Патка, како што го викаа охриѓани, се простуваат блиските и бројни сограѓани, познати личности и музичари со кои  тој имаше посебен однос.

Една од нив е Енис Хилми, блиска пријателка на Павел која упати емотивна порака.

Нека целиот ‘џез и блуз’ на овој свет бидат со тебе на патот кон ѕвездите. И “rock&roll-от”, of course.

Ти благодариме за сите убавини, најсуптилните хармонии и за трагата што ја остави во срцата на многу генерации.

Еве само пред неколку дена запознавам еден “београѓанец” во Берлин. Ми вели: Само заради ‘Duck’ сакав да доаѓам во Охрид.

И ајде сега направи го и таму горе најдобриот клуб, како што само ти знаеш и умееш.

И дочекај не со најшармантната насмевка, со секогаш до срж вистинските муабети и еве може и со ‘Lascaiatemi Cantare’!

И со еден ‘Јаmesson’ со една коцка мраз.

Довидување, пријателе!

Енис.

Во знак на сеќавање на Павел Патка го реобјавуваме интервјуто што со него го реализиравме пред неколку години.

Г.М.