Се очекува зголемување на бројот на туристи од Косово во Македонија. Ова беше истакнато на Македонско-косовскиот бизнис-форум кој се одржа во Скопје, на барање на косовската Агенција за промоција и инвестиции. Покрај туристичката размена, беше потенцирана и можноста за изработка на заеднички туристички пакет на Македонија и Косово, кој ќе може да им се понуди на туристите од другите региони.
-Ова е еден чекор напред во нашите определби за зајакнување на бизнис соработката во регионот, конкретно меѓу Македонија и Косово, со кого имаме Договор за целосна слободна трговија, а минатата година се потпиша и Договор за економска соработка. Но, во иднина се очекуваат и конкретни деловни договори како произивод на оваа средба, рече меѓу другото Министерот за Економија, Фатмир Бесими.
На форумот покрај развојот на туризмот беше разговарано и за зајакнување на инвестициите од Македонија во Косово и обратно, во сите сектори.
OhridNews