При тоа, беше предизвикана голема материјална штета на долгогодишни овошни насади во сопственост на АД „Градинар“ Охрид, во вкупна површина од 430.000 м2.
Комисијата за проценки на штети утврдила 40% оштетување на плодовите на долгогодишните јаболкови насади, односно вкупниот износ на проценетата штета изнесува околу 170. 000 евра.
Усвоениот елаборат ќе биде испратен до Владата, од која се очекува да додели помош и ја надомести настанатата штета.