Деновиве започна промената на старите улични светилки на охридските улици.
Дотраените бетонски столбови се менуваат со нови електрични столбови. Се менуваат и светилките.Екипата на Охриднењс ги затекна екипите на општината како работат на подобрување на уличното осветлување на улицата „Јане Сандански“.
Обновувањето на уличното осветлување е дел од подготовките на градот за претстојната туристичка сезона и за големите настани кои ќе се случуваат во Охрид.Во мај Охрид ќе биде домаќин на самитот на претседатели од централна Европа, а во декември тука ќе се игра ЕП во ракомет за жени.
се обновува уличното осветлување во Охрид
Горан Момироски
Васко Бујароски