Центарот за култура „Григор Прличев“ прави напори за заживување на охридскиот детски хор заради што на 28 овој месец ја закажа и првата аудиција.
На аудицијата можат да се пријавуваат сите заинтересирани вљубеници во хорското пеење на возраст од 6 до 12 години.
„ Заживувањето на овој состав значи можност за спојување на најталентираните детски гасови во еден совршен репрезент на детското хорско пеење и претставување на детските хорски фестивали во земјава и надвор од неа, велат во центарот за култура.
Хорот ќе работи под раководство на музичкиот педагог Билјана Маезанов, а неговото обновување е дел од годинешната програма во музичката дејност на националната установа.
Ohridnews