Оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец на терен со секојдневни активности во насока на обновување и одржување на јавното зеленило во градот.

Се продолжи со садење на сезонско цвеќе (џунџуле и салвија) од сопствено производство од расадник во Градскиот парк, се спроведе косење на Градскиот парк, косење и чистење на неуредна вегетација на улиците „Железничка“ и „Галичица“, кај игралиштето на улица „Радојца Новичич“, плажите Лагадин и Парк Мазија, велат од претпријатието.

Воедно извршено е наводнување на дрворед на улицата „Македонски Просветители“, а секојдневно се врши наводнување на зелените површини во Градскиот парк и плевење.

Пред неколку дена беше засадено сезонско цвеќе (џунџуле и салвија) и по кружните текови на „Туристичка“, а спроведено беше и косење и чистење на неуредна вегетација во село Коњско, населба Свети Стефан, населба Христо Узунов, детско игралиште Лескајца, улиците „Охридска Бригада“ и „Гоце Делчев“ и плажата Горица 3. Тековно се одржуваат и засадените садници во бетонската жардињера вдолж улицата „Железничка“.

OhridNews