Еден британец бил толку импресиониран од начинот на кој неговиот шестмесечен внук ја фрла топката, па се обложл дека бебето еден ден ќе стане професионален рагбист.

Спрема пишувањето на „Портсмаут Њус“, локален дневник од јужна Англија, 51-годишниот Лес Хајхои вложил во една обложувалница 100 фунти (127 евра), со коефициент 1000 спрема 1, на рагби иднината на внукот.


Ако малиот Џорџ Браун кога ќе има 25 години биде во англиската рагби репрезентација, неговиот дедо ќе добие 100 000 фунти.

„Пред него е долг пат до успехот, уште не може добро ни да седи, но мислам дека може да успее“, рекол дедото.

„Не сакам да вршам никаков притисок врз него, бидејќи тоа можеби ќе го наведе да го презира рагбито и да стане балетан“, додава на тоа.