Студент од Британија се обложил во 100 евра дека за две години, откако тој и неговата девојка ќе завршат факултет, и понатака ќе бидат заедно. Кристофер Брукер (22) има шанси 6:1 да го добие облогот и заработи околу 600 евра, ако со девојката Хана Грејсон (19) останат во врска кога ќе завршат факултет на универзитетот Дурам.


-Хана живееше во стан над мојот. Така се запознавме, а пријателството порасна во нешто повеќе. Едно попладне разговаравме дека на студентите им е тешко да одржат врска, па одлучив да се обложам дека ние ќе успееме – вели Кристофер.
Хана е навистина почестена со овој гест.
-Навистина многу ми значи тоа што сака да бидеме заедно и по дипломирањето. За сега ни оди многу добро – вели Хана.