Цариниците во Саудиска Арабија имаа мошне необичен плен, дури 48 илјади лименки пиво маскирани во лименки газиран сок. За да увезат алкохолни пијалоци во Судиска Арабија, криумчарите стануваат се подосетливи. Но, ниту цариниците не се толку наивни. На граничниот премин во Ал Бата, тие пресретнаа камион и побараа да се отстранат налепниците на неколку од лименките.

 

Абдулрахман ал Мана, цариник од Ал Бата, изјави дека камионот превезувал нешто што на прв поглед изгледало како регуларни лименки Пепси, но бил сопрен и после стандардна процедура за проверка на производите станало јасно дека зад налепниците Пепси било сокриено пиво Хајнекен. Цариниците потврдуваат дека криумчарите користат се попрефинети методи како би ја пренеле стоката, а ова со пивото е само еден од примерите. Меѓутоа, Мана наведува и дека неговите луѓе се секогаш спремни и еден чекор пред криумчарите.