Австралиската полиција уапсила една 26-годишна жена која претејќи со пиштол се обидела да украде куче од расата чивава. Пристигнала во куќата на Ешли Џонсон која за 1500 долари го продавала кучето старо два месеци. Жената подоцна изјавила дека не сакала никого да повреди, но куќата била полна со деца бидејќи кај Ешли во посета биле дојдени повеќе роднини и пријатели.
Гостите, меѓу кои и еден полицаец, ја совладале жената. Полицијата ја обвинила за вооружен грабеж. Кучето и било толку слатко, што не бирала средства да го добие. Затоа сега ќе мора пред суд и и прети затворска казна.