Еден човек од јужна Калифорнија си забил нож за путер во стомакот во неуспешен обид да си изведе операција од брух, соопштила локалната полиција. Сопругата на човекот кој имал 63 години повикала брза помош и на диспечерот му рекла дека нејзиниот сопруг се обидува со нож да го отстрани својот брух.


Полицајците го затекле болниот човек на столица на тремот, а во стомакот имал забиен нож со должина од 15 сантиметри. Сопругата објаснила дека нејзиниот сопруг бил вознемирен поради ужасните болки и дека затоа сакал физички да го отстрани брухот. Човекот подоцна завршил на тридневно испитување на психијатриската клиника во Лос Анџелес.