Како што соопшти МВР, вчера во 20,00 часот на ГП-Деве Баир, на влез во РМ, од страна на УПС при проверка на лица кои се превезувале во автобус марка „Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки, сопственост на „Галеб“ од Охрид, кај М.Ќ.(1984) од Велес, пронајдена е наркотична дрога „хероин“ со тежина од 610 грама. Осомничениот е задржан на ГП за понатамошна постапка.
извор: МВР