Полицијата уапсила еден африканец кој се обидел да размени банкнота од милион долари во Обединетите Арапски Емирати. Парчето хартија кое изгледа како банкнота се користи како сувенир во еден американски клуб на милионери.
Човекот се обидел да ја измами благајничката велејќи и дека станува збор за банкнота која се користи на меѓународниот пазар на пари и дека и треба нејзина помош истата да ја пушти во оптек. И ветил 30 проценти од заработката. На полицијата и рекол дека е невин и дека не знаел оти банкнотата е безвредна.