Скопјанецот Селек Хасани вчера е уапсен од албанската полиција на граничниот премин Ќафасан кај Струга, откако се обидел да ја мине границата со украден џип „Порше“.
Според албанските медиуми, Хасани, бил познат шверцер на луксузни автомобили по кого полицијата трагала подолго време.
Хасани се обидел џипот да го внесе во Албанија, но бил спречен од полицијата која истражува чија сопственост бил украдениот џип.
ohridnews