Еден жител на Феникс, Аризона, чие име медиумите не го објавиле, бил уапсен кога цариниците во неговиот куфер пронашле млада жена. Храбриот шверцер се обидел да прокриумчари девојка скриена во куфер, ставен во гепекот на неговиот џип.
Полицијата на границата помеѓу Мексико и САД прегледувајќи го автомобилот во куферот пронашла млада жена од Тајланд која се обидела да се сокрие под еден куп алишта. Претставничката на граничната полиција, Едит Серано, рекла дека човекот бил задржан во притвор, додека жената била предадена на одделението за емигранти од каде најверојатно ќе биде испратена назад на Тајланд.