Патниците во еден автобус во Аргентина се запрепастиле кога полицијата по една контрола пронашла повеќе од 600 змии и други влекачи во делот за багажот. Полицијата, на основа на дојава, го пресретнала автобусот во провинцијата Санта Фе на северот на земјата кој се движел кон главниот град Буенос Аирес. Тие побарале документи од патниците и започнале да го претресуваат возилото.


Полицијата била шокирана кога ги отворила торбите во багажот, изјавил Даниел Серсик, полицаец која ја истражувал мрежата трговци со диви животни и кој се придружил на акцијата во автобусот. Имало што да видат, односно 444 змии, 186 желки од загрозен вид и 40 гуштери. Лицето кое планирало да го изврши шверцот било уапсено, а на автобусот се качил во Сантијаго дел Естера, каде минало три месеци собирајќи ги животните.