Швајцарските цариници на аеродромот во Цирих уапсиле еден граѓанин на таа земја кој се обидел во државата да прошверцува пајаци сокриени во багажот. Цариниците пронашле 261 максиканска црвеноколенаста тарантула, спакувани во посебни пластични кеси и наредени во шест кутии, кои со авион пристигнале од Доминиканската Република.


Швајцарските официјални лица навеле дека пратката била наменета за неименуван швајцарски препродавач, во чија куќа за време на претресот биле пронајдени уште 665 тарантулии 72 џиновски месојадни гасеници, кои исто така биле прокриумчарени во Швајцарија. Вкупната вредност на запленетите инсекти изнесувала околу 17 илјади долари. Експертите навеле дека после дрогата и оружјето, животните се трета најчесто шверцувана роба во Швајцарија.