Околу 14 часот оваа сабота еден човек кој ручал во ресторанот “Denny’s” во градот Нијагара Фолс во државата Њујорк, нарачал оброк во вредност од 9,91 долар, кој потоа се обидел да го плати на тој начин што му понудил на келнерот еден долар и кесичка со марихуана. Збунетиот гостин сигурно бил разочаран кога сватил дека оброкот не може да го плати со марихуана. Кога не сакале да го прифатат неговиот средство за плаќање, упорниот гостин се обидел марихуаната да ја продаде на останатите гости во ресторанот.

После тоа била повикана полиција, а човекот побегнал пред да пристигнат полицајците. Еден од вработените во ресторанот го идентификувал чудниот гостин и ги упатил полицајците на неговата адреса, но тие во домот не пронашле никој. Истрагата сеуште била во тек.