Стјуарт МекЛеод од Австралија сугурно не се надевал дека неговиот обид за грабеж ви една продавница во Перт ќе заврши со повеќекратно кршење на ногата. Имено, човекот кој има 46 години, додека продавницата била отворена преку ден, собрал електричен алат кој му бил потребен и го сместил во градината пред продавницата. Нешто пред полноќ истиот ден, човекот се обидел да се качи на покривот на продавницата како би слегол во градината и би го зел алатот. Но, под неговата тежина металната конструкција која ја користел попуштила и паднал од десет метри висина и заработил повеќекратна фрактура на ногата.
Некој од минувачите го чул неговото викање па повикал полиција. Кога после половина час пристигнале полицајците, го пронашле како во болка лежи на подот. МекЛеод на суд изјавил дека не се качил како би извршил грабеж, туку да ги земе клучевите кои тамо ги фрлила неговата поранешна девојка. Исто така тврди дека минувачите се шегувале со него додека тој лежел во болки. Сепак, судијата не му поверувал и го прогласил за виновен.