Еден човек во американската држава Пенсилванија се обидел да ограби банка за еден долар во надеж дека ќе бие испратен во блискиот федерален затвор, јавила локалната полиција. Тој влегол во банката и барал од благајникот еден долар.

Благајникот помислил дека се шегува, а човекот на другиот службеник во повторил дека ја ограбува банката за еден долар. Полицијата рекла дека човекот сакал да заврши во федералниот затвор, но не соопштила зошто го сакал тоа.