Збунетите вработени во една банка во Полска не му ги предале парите на еден ограбувач кој им запретил со лажица. Црвенокосиот криминалец влегол во филијалата на банката во Лублин. Извикал ова е грабеж мафтајќи со лажицата.
вработените и клиентите веднаш се фрлиле на подот се додека не откриле дека не носи пиштол, туку обична лажица. Криминалецот побегнал додека останатите умирале од смеа. Сепак на полицијата тоа не и било смешно. Портпаролката изјавила дека ситуацијата била чудна, но и дека тој сепак го прекршил законот и сакаат да го пронајдат.