Пензионираниот американец Милеџ МекКасел од Њу Јорк скоро останал без лото добивката од 14 милиони долари затоа што вработениот во продавницата се обидел да го измами. Откако на екранот во продавницата светнало дека лото ливчето е добитно, продавачот ладно му рекол на Милеџ дека дошло до грешка и му исплатил само неколку долари.


Тој го запрашал што е со големата добивка, а продавачот му рекол дека не знае за што зборува. Продавачот го зел ливчето и тврдел дека го загубил. Милеџ знаел дека нешто не е во ред и наредниот ден отишол кај другиот вработен во кого имал доверба. Се јавиле во лотаријата и го пријавиле случајот. Сопственикот на продавницата подоцна целиот случај го нарекол недоразбирање и го избркал од работа нечесниот работник.