Еден американец од Канзас и пријавил на полицијата напад во кој бил повреден откако се обидел да купи дрога со банкноти од играта Монопол. Овој човек, чиј идентитет не бил откриен, дошол во полицијата целиот во крв да го пријави случајот. Изјавил дека бил физички нападнат по обидот да купи кокаин за неколку стотини долари, но со банкноти од играта Монопол.
Полицијата во соопштението навела дека дилерот, многу лут, го повикал човекот во својата куќа каде со револвер повеќе пати го удрил по главата. И покрај сериозните повреди, нападнатиот човек е надвор од опасност, а полицијата сеуште трага по дилерот.