Полициските граничари привеле француски државјанин кој се обидел својата сопруга, русина, да ја прошверцува од Белорусија во Европската Унија сокриена во куфер. Претставникот на полската погранична служба, Даријуш Сјеиницки, изјавил дека големиот куфер на французинот го привлекол вниманието на вработените на железничкиот премин во Тереспол. На нивно изненадување, од него излегла триесетгодишна жена. Била во добра форма и не и била потребна медицинска помош.
После испитувањата во станица, сопружниците одлучиле да се вратат во Белорусија. Кога возот тргнал од Ница за Москва, 60-годишниот французин, чиј идентитет не бил откриен, не знаел дали неговата сопруга може слободно да влезе со него во Шенген зоната. Сјеницки изјавил дека доколку патувала седејќи покрај сопругот, би минала без проблеми. Но поради обидот за избегнување на граничната контрола, парот рескирал казна затвор од три години.