Еден австралиски лекар успешно извадил од увото на пациентот бубашваба, која пациентот претходно се обидувал да ја извади самиот со помош на правосмукалка. Маката на Хендрик Хелмер, кој живее во Дарвин на северот од Австралија, започнала во средата наутро кога се оразбудил со остра болка во десното уво. Раскажала дека се надевал како во прашање не е отровен пајак и дека нема да го касне. Објаснил дека увото почнало да го боли уште посилно, па зел правосмукалка да го извади инсектот но не успеал.

Хелмер додал дека не знае што барал инсектот во неговото уво, но очигледно му се допаднало. Морал да оди во болница кае лекарот ставил масло во увото на пациентот утврдувајќи дека инсектот влегол длабоко пред да угине. Лекарот потоа со пинцета извадил бубашваба од два сантиметри. Хелмер рекол дека не превзема никакви мерки за заштита додека спие, но неговите пријатели биле уплашени од авантурата и купиле чепови за уши.