Пијан патник на британскиот авиопревозник „First Choice“, на вчудоневидување на повќе од 250 сопатници, се обидел да ја отвори вратата на Боинг 767 на 10.000 метри висина.


Тотално пијаниот маж во неговиот обид за отварање на вратата го спречиле посадата на авионот.

Капетанот на авионот на пат према Куба побарал принудно слетување на бермудските острови, каде скокачот бил уапсен.

Пред полетувањето мажот испил голема количина на алкохол во аеродромскиот ресторан, а за време на летот почнал да прави проблеми. Кога посадата се обидела да го смири, отишол до вратата на авионот и се обидел да излезе од авионот.

„Капетанот одлучи дека принудното слетување било најдоброто решение“, изјавил портпаролот на компанијата.