Рики Кемптер од Вајоминг е обвинет дека се обидел да и плати на една егзотична танчерка со фалсификувани пари. Ако го осудат би можел да помине 20 години во затвор. Кемптер ја најмил танчерката за приватен танц во мотелот Лариат. Тамо отишле со заедничко такси.
Откако пристигнале таксистот повикал полиција. Кемптер го замолил да му придржи една банкнота од 50 долари. Таксистот забележал дека таа изгледа чудно и дека е нееднакво исечена. Тој подоцна и признал на полицијата дека направил банкноти на сопствениот принтер, но тврдел дека планирал да оди дома по вистински пари за танчерката.