Полициски службеници од СВР Охрид вчера од слобода лишиле 61-годишен жител на Охрид. Тој, претходно, на локален пат во селото Велмеј, општина Дебрца, со своето патничко возило се обидел да удри во 55-годишен жител од истото село, по што му се заканувал.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишен охриѓанец поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа и одзедоа повеќе куршуми со различен калибар кои неовластено ги поседувал, стопи во полицискиот Билтен.
Г.М.