Обидувајќи се да го дофати паричникот кој му паднал во шахта, Џеред Медеирос од Церес во Калифорнија заглавил во отворот на шахтата, соопштиле американските медиуми. Повикувал помош се додека некој од минувачите не повикал полиција. Се обиделе да го извлечат, но без успех.
Не им преостанало ништо друго освен да ги повикаат пожарникарите, кои на крајот сепак успеале да го извадат. Рекол дека во шахтата му паднал паричникот. Се здобил со модринки и неколку гребнатинки. Бил заглавен околу 40 минути. Не е познато дали успеал да го дофати паричникот.