Се обезбедуваат подобри услови за дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска”. Како што информираат од Општина Охрид набавени се 95 дрвени мобилни креветчиња и душеци наменети за деца од 2 до 6 години.
Креветчињата се анатомски и изработени од буково дрво, а душеците се од 100 % памучен материјал. Новиот инвентар, градинката го набави со сопствени средства. Во континуитет продолжуваме да бидеме посветени на најмладата популација во нашата општина, затоа што тие ја заслужуваат целата наша грижа, посочуваат од Општината.
OhridNews