ФИБА ги подели 12. репрезентации во три квалитативни барабани. Во најслабиот се Ангола, Нигерија, Јордан и Кореја, во вториот се Доминиканска Република, Порторико, Венецуела и Нов Зеланд, а во третиот се европските тимови: Русија, Македонија, Литванија и Грција.
Ќе има четири групи со по три тима и првите два одат во четврт-финале. По четврт-финалето следуваат двете полуфиналиња и на крај меч за трето место (нема финале).
На ОИ одат двата победника од полуфиналето и подобриот од дуелот за трета позиција. Фиба се уште го нема одредено домаќинот на ова натпреварување, а интерес за организирање на квалификациите пројавуваат Македонија, Литванија, Венецуела и Порторико.