Џејмс Карл Хагерти од Менхетн тврди дека ја загубил сликата ид 19 век „Портрет на една девојка“, по забавувањето во кафе бар со потенцијален купувач на уметничкото дело. Сликата е вредна еден милион евра. Наводно истата ја изгубил, а следниот ден го повикал сосопственикот за да му ја соопшти несреќната вест.


Сликата ја покажувал на потенцијалниот купувач Вотерман, сопственик на една галерија во лондон. Сосопственичката на сликата Кристин Трудџон не се изненадила. За Џејмс изјавила дека е тотален идиот. Го тужела и од него го бара целиот износ на сликата.