Еден млад американец бил уапсен во алкохолизирана состојба откако влегол во погрешна куќа и легнал во кревет во кој веќе имало друг човек кој се разбудил во шок и повикал полиција, пренесуваат американските медиуми. Според полицијата, Тајлер Саливан мислел дека влегува во куќата на својата мајка во Клинтон, во сојузната држава Конектикат.

Сопственикот на куќата, кој се разбудил во шок, му рекол на Саливан да ја напушти куќата, но тој одбил. После тоа повикал полиција, која го уапсила Саливан кој очигледно цврсто одлучил да спие во единствениот кревет кој го пронашол. Оптужен е за непочитување на приватен имот и кршење на јавниот ред, а бил ослободен со кауција.