Според иформациите од Министерството за здравство на инфективните одделенија во земјава се лекуваат 134 пациенти, позитивни и суспектни на вирусот Ковид 19.
Бројот на пациенти со тешка клиничка слика во болниците значително е намален. Во Општата Болница во Охрид се лекуваат 20 пациенти со коронавирус, а во Струга 9. Слична е ситуацијата и во останатите градови, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, во Штип се хоспитализирани 16 пациенти. Куманово 24, Велес 13, Тетово 4.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
OhridNews