Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, се намалуваат цените на горивата.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 49,50 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари за литар и ќе изнесува 52 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари. Екстралесното масло ќе се продава по цена од 30,50 денари за литар, а мазутот по 16,945 денари.
OhridNews