Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од утре, 1-ви јули, цената на електричната енергија за крајните корисници се намалува за 0,33 отсто. Комисијата ја донела одлуката откако на подготвителната седница констатирала дека се намалиле трошоците на енергетските компании.

Новата цената на електричната енергија за сметките од јули ќе изнесува 4,45 денари за киловат час, наместо досегашните 4,47.

Од вкупната цена на електричната енергија 50,6 отсто одат за ЕЛЕМ, 5,24 отсто за МЕПСО, а 44,16 за ЕВН.

OhridNews