Од јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информираат дека од 1 септември, недела, согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг просторот од 10.06.2019 година цените за користење на паркинг просторот со кој стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) ќе се намалат за 10 денари за секој час паркирање.
Цената за паркирање во Зона А ќе се намали од 40 денари на 30 денари за еден час, Зона Б од 30 денари на 20 денари за еден час, додека третиот степен на ограничување Зона Премиум ќе се намали за 40 денари за секој час паркирање и ќе изнесува 60 денари за еден час паркирање.
OhridNews