Бројот на прекршоци за неносење на лична заштита на лицето во градот Охрид се намалува, информираат од СВР Охрид. Полициските службеници констатирале само 3 прекршоци на кои им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата на законот.

Најмногу прекршоци за неносење на лична заштита на лицето се регистрирани во Кичево (22), а во Струга се регистрирани (6).

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 15 контроли врз угостителски и други објекти.

OhridNews