Тони Савески, Бошко Ѓуровски и селекторот на У 21, Бобан Бабунски се трите имиња кои се поврзуваат за местото селектор на македонската фудбалска репрезентација.
Савески, кој е тренер во Омонија, Кипар и Ѓуровски, кој е помошник на Драган Стојковиќ во Јапонија се прва опција, а ако двајцата не сакаат или не успеат да се договорот со ФФМ тогаш Бабунски е на ред.
Македонија остана без селектор на два меча од крајот на квалификациите откако Чедомир Јаневски замина во тимот на Монс од Белгија и без капитенот Горан Пандев, кој најави крај на репрезентативната кариера.
Кој и да е селектор од овие трите екс репрезентативци ќе има полни раце работа. За враќање на реномето на селекцијата и довербата кај навивачите и стабилизирање на репрезентација која доживеа многу удари во текот на мундијалските квалификации.
Мх.П.